Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) соопшти дека цените на храната скокнале глобално за речиси 2% меѓу декември минатата и јануари оваа година.
ФАО наведува дека лошото време во клучните региони играло улога во покачувањето. Во денеска објавениот извештај стои дека скокнале цените на сите главни видови на зрнеста храна, освен оризот. Највеќе се покачила цената на пченката.
По нагорна линија се и цените на сојата и палминото масло, како резултат на зголемената побарувачка и намаленото производство на маслото.
И покрај покачувањето, цените за потрошувачите се пониски во споредба со оние од истиот период лани.