Овошјето, желад од растението руменика, било пронајдено во тундра во Русија, замрзнато и закопано во длабочина од 38 метри под карпи и мраз. Желадите се верува дека биле складирани од верверици, а биле пронајдени и преку 600.000 други древни семиња и овошја.
Научниците отстраниле клетки од плацентата на овошјето и ги одгледувале за да произведат нови семиња. Неколку години подоцна, овие семиња пораснале во нови древни цветни растенија.
Праисториската руменика е мошне слична со нејзината нова верзија, но со пошироки листови. Иако ова е голем напредок, многу е веројатно дека ќе уследат натамошни истражувања.
Научниците и порано обелоденувале слични тврдења, но подоцна се докажувало дека се погрешни. Во еден таков случај семето за кое се сметало дека е од праисториско време било всушност семе од модерното време кое се инфилтрирало во дел од античката локација.
Извештајот е објавен во овонеделното издание на списанието на научната академија во САД, а истражувачкиот тим бил предводен од Светлана Јашина и Дејвид Гиличински.