Линкови за пристапност

Нови документи за случјот на Трејвон Мартин


Истрагата објави детали за убиството на тинејџерот од Флорида.

Властите во Флорида објавија документација од речиси 200 страници од истрагата за смртта на невооружен тинејџер од афро-американско потекло од страна на доброволец–одржувач на редот.

Документите содржат извештај од обдукцијата на убиениот 17-годишен Трејвон Мартин, фотографии од неговиот убиец, Џорџ Зимерман, неколку часа непосредно по убиството, како и видео снимка од Мартин во локална продавници неколку моменти пред убиството на 26-ти февруари.

Зимерман тврди дека го убил тинејџерот во самоодбрана. Во документите е вклучен и извештај на експерт од Еф-Би-Ај кој вели дека не постоел начин да се одреди дали се работело за Мартин или Зимерман кој викал по помош, слушнато од сосед, кој ги повикал надлежните органи кусо време по пукотниците.

XS
SM
MD
LG