Линкови за пристапност

Нафтената дамка остави трага врз туризмот во јужна Флорида


Нафтената дамка остави трага врз туризмот во јужна Флорида
Нафтената дамка остави трага врз туризмот во јужна Флорида

Гневот и фрустрираноста кај локалното население е насочен кон, како што наведуваат - несоодветниот одговор од федералните власти, но и ненавремената реакција н нафтената компанија Бритиш петролеум

На фините песочни плажи во јужна Флорида, стравувањето дека излеаната нафтена дамка во Мексиканскиот Залив ќе пристигне и до овој дел на сојузната држава е евидентно со намалениот број на посетители. Туристите и локалните жители имаат поделени мислења - од тоа како да се спречи катастрофа од овој вид во иднина, па се` до кој треба да ја прати крајната сметка за чистењето.

Гневот и фрустрираноста кај локалното население е насочен кон, како што наведуваат - несоодветниот одговор од федералните власти, но и ненавремената реакција н нафтената компанија Бритиш петролеум (БП).

Туристот Јерон од Мексико не верува дека нафтата ќе дојде до плажите во јужна Флорида. „Сакам да одам на плажа“, додава тој, со енергија на човек кој одбива да верува дека најлошото ќе се случи, и покрај реалната опасност.

Каи од Норвешка е на одмор во САД. „Да продолжи притисокот врз нафтените компании. Да се заострат стандардите и да се спречи катастрофа од ваков вид во иднина“, се неговите препораки за тоа што најпрвин треба да се стори.

Спасувачот Армандо од Салвадор смета дека и владата треба да ги плати трошоците.

„БП не е целосно одговорна. Сите носиме одговорност за штетата“, коментира Армандо.

Има и такви кои се задоволни од реакцијата на владата на претседателот Обама.

„БП и федералните власти чинат се` што можат. Треба да ја држат ситуацијата под контрола и да се надеваме дека нефтената дамка нема да ја зафати голфската струја, но најверојатно тоа и ќе се случи и ќе стаса до Атлантикот“, вели туристот Џим од Вирџинија.

Иако дамката засега е на стотици милји од јужна Флорида, изостана очекуваната бројка на домашни и странски туристи. Излевањето затоа не спречи голем број локални жители и натаму безгрижно да се капат и да се сончаат на прекрасните песочни плажи во Флорида што наликуваат на оние на Карибите.

XS
SM
MD
LG