Светската фудбалска асоцијација - ФИФА го избран Џани Инфантино за нов претседател на конгресот во Цирих.
45-годишниот Швајцарец со италијанско потекло освои 115 гласови. Неговиот најсериозен ривал Шеик Салман Бин Ебрахим ал Калифа, претседателот на Азиската фудбалска асоцијација, освои 88 гласови во втората рунда гласање, каде е потребно просто мнозинство.
Инфантино ја презема челната функција од Сеп Блатер, кој постојано беше обвинуван за корупција и финансиски малверзации во ФИФА.
Инфантино вети дека ќе го реорганизира светското фудбалско тело кое го тресат скандали со корупција.
Новоизбраниот претседател на ФИФА говори пет јазици: италијански, француски германски, англиски и шпански. Студирал право на Универзитетот Фрајбург во Швајцарија.
Инфантино одлучи да се кандидати во трката за претседател на ФИФА, откако првиот човек на УЕФА Мишел Платини доби 90-дневна суспензија поради вмешаност во корупциски скандал.