Линкови за пристапност

Кралот на ромската музика во Вашингтон


Кралот на ромската музика во Вашингтон
Кралот на ромската музика во Вашингтон

Мустафов најави нови концерти по САД и во Канада, по барање на иселениците

Кралот на ромската музика во Вашингтон - Ферус Мустафов со групата Алпина синоќа настапи во клубот Славија. На репертоарот доминираа познати хитови на Ферус, но имаше и музика од подрачјето на поранешна Југославија.

Мустафов најави нови концерти по САД и во Канада, по барање на иселениците.

„Публиката најмногу се „пали“, кога ја свирам Дада Сали“, на шега вели кралот на ромската музика. Свири ора, чочеци... „Елено моме“ и „Пајдушко“ ги има на секојдневното „мени“ на Ферус.

Пред Вашингтон, свирел во Колумбус, сојузната држава Охајо а од американската престолнина заминува за Њу Џерси и Њујорк. Потоа заминува на фестивал на светски трубачи во Унгарија.

Ова му е трета турнеја по САД. Свири за сечиј вкус. Затоа сум славен, се шегува Ферус:

„Јас не свирам само ромска музика. Како што велиме - азбучно од А до Ш. Свириме и за Роми, и за Турци,,и за Албанци, и за Македонци, и за Срби, и за Бугари, и за Грци. Со еден збор, свириме за сите!

А инспирацијата?

„Па инспирацијата, најмногу доаѓа од жени!“ - со насмевка вели неуморниот Ферус.

Свири на 13 инструменти. Труба, саксофон, гајда, труба, зурла, шупелка... Почнал како дете да свири на виолина, иако вели дека немал мерак за тој инструмент.

Ферус Мустафов за Нова година ќе свири пред иселениците во Торонто, Канада.

XS
SM
MD
LG