Линкови за пристапност

Трамп во ФЕМА: Подготвени за сезоната на урагани


Националната администрација за океанографија oбјави дека годинава очекува „поактивна“ сезона

Претседателот Доналд Трамп ги увери официјалните лица од Федералната агенција за вонредни ситуации (ФЕМА) дека неговата администрација брзо ќе одговори со финансирање, во случај на итни потреби за време на сезоната на урагани.

„Ќе реагираме брзо. Ќе бидеме ефикасни“, рече Трамп во седиштето на ФЕМА во Вашингтон.

Сезоната на урагани, вообичаено започнува на почетокот на август и го зафаќа источното крајбрежје на САД, долж Атлантскиот Океан.

Националната администрација за океанографија објави дека Атлантикот годинава го очекува сезона на урагани „над нормала“. НОАА предвидува дека годинава можни се два до четири урагани со јачина на ветришта од најмалку 178 километри на час. Во овој дел на САД веќе имаше пет тропски бури.

На брифингот во ФЕМА присуствуваа и потпретседателот Мајк Пенс, новоназначениот шеф на кабинетот на Белата куќа Џон Кели и неколку виши официјални лица од администрацијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG