Линкови за пристапност

Федералните власти најавија 2,3 трилиони долари заем за заживување на економијата


Федералните власти ја активираа програмата Main Street Business, спонзорирана, согласно актот CARES, најголем економски пакет помош, некогаш усвоен во Конгресот.

Американските федерални резерви најавија програма од 2, 3 трилиони долари заем за бизнисите, локалните влади и сопственици на домови погодени од коронавирусот.

Во говор во Институцијата Брукингс, претседавачот со Федералните резерви Џером Пауел, рече дека федералните власти планираат да ја искористат севкупната моќ, „проактивно и агресивно“, се додека не бидат убедени дека американската економија „солидно чекори на патот кон оправување“.

Федералните власти ја активираа програмата Main Street Business, спонзорирана, согласно актот CARES, најголем економски пакет помош, некогаш усвоен во Конгресот.

Пауел рече дека нема сомневање дека ќе уследи економско заздравување, и кога ќе се случи, економијата ќе има и раст, затоа што според него, американското стопанското има солидна слика, пред да биде погодено од коронавирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG