Во текот на истрагата што продолжува, најдовме дека дека двајцата биле радикализирани подолг период, рече Давид Бовдик, заменик-директор во ФБИ кој раководи со канцеларијата на Бирото во Лос Анџелес.
Тој рече дека Сајед Ризван кој е роден во САД и неговата сопруга Ташфин Малик биле радикализирани преку Интернет.Според него, нема докази дека тие се дел од поширок заговор во странство.
Федерални официјални лица потврдија дека Малик му дала заклетва на лидер на милитантите од Исламската држава со постирање на Фејсбук и оти Фарук имал контакт со поединци кои се поврзани со терористичките групи.
Малик и Фарук побегнале од местото на масакрот, но полицијата подоцна го пронајде возилото и ги застрела двајцата во него.
Во ретко телевизиско обраќање од Белата куќа, претседателот Обама во неделата навечер ги увери Американците дека САД имаат стратегија за справување со тероризмот.