Линкови за пристапност

Д-р Фаучи: Јавноста мора да се увери за прифаќање на вакцината против Ковид-19


Во ексклузивно интервју за Асошиејтед Прес, д-р Антони Фаучи, од националниот Институт за здравје оцени дека развивањето на вакцината се одвива со забрзано темпо поради ургентноста на ситуацијата.

Главниот експерт за инфективни болести во САД предупреди дека додека е направен значителен напредок кон вакцината за Ковид-19 ширум светот, јавноста мора да биде убедена дека таа ќе биде - безбедна, ефикасна и неопходна.

Во ексклузивно интервју за Асошиејтед Прес, д-р Антони Фаучи, од националниот Институт за здравје оцени дека развивањето на вакцината се одвива со забрзано темпо поради ургентноста на ситуацијата. Но, тоа може да покрене загриженост, дали вакцината можеби нема да биде безбедна по здравјето во првата фаза.

Фаучи рече дека ќе треба да се убедуваат заедниците и да се отстрани секоја загриженост кај луѓето. „Сакаме да осигуриме дека процесот до вакцина е мошне транспарентен, и оти луѓето ќе бидат уверени дека забрзувањето на процесот не значи компромис со безбедноста од вакцината или пак, компромис со научниот интегритет“.

Тој потенцираше дека здравствените власти и политичките лидери ќе мора да се справат и со луѓето кои не веруваат дека било која вакцинација е безбедна, како и со поборниците со анти-научни гледишта.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG