Линкови за пристапност

Американските фармери бараат трговска слобода, а не помош


Пазарот со соја трпи големи штети на новите тарифи

Плодните полиња за одгледување соја на Фред Гриндер од Илиноис се добар индикатор каква ќе биде жетвата следната година.

Но, тоа повеќе не е така.

Тарифите ги одвраќаат потенцијалните муштериите од странство. Гриндер проценува дека ќе загуби околу 100 долари за акра, ако продолжи трговската војна.

„Тоа е удар врз нас“, вели тој.

Тоа го призна и администрацијата на претседателот Трамп, при што Одделот за земјоделство најави 12 милијарди долари итна помош за фармерите.

Гриндер негодува дека помошта е премала за покривање на трошоците за 100 долари по акра, како што очекува.

Од мај, цената на бушел соја падна за речиси 20 проценти, како последица од ескалирањето на трговска војна меѓу САД и Кина. Зголемените тарифи го скратија извозот на странските пазари, со што се намалија профитите за фармерите, петта година по ред.

„Задоволни сме дека американската влада е загрижена за нас, но во реалноста, во една трговска војна, ова е бројките и` се погубни за нас“, се жалат фармерите.

Директорот на Асоцијацијата за стратешки развој на пазарот со соја во Илиноис Марк Албертсон вели дека трговската војна во Кина е полоша од сушата во 2012-та.

„Не мислам дека трговската војна многу брзо ќе биде окончана, така што најверојатно Бразил ќе го преземе нашиот пазар со Кина“, коментира Албертсон.

И за фармерот Грингер, тоа е најголема грижа.

„Бразил е еден од најголемите конкуренти и секогаш се шири. Тоа може да го погоди нашиот пазар со соја на долг рок“, коментира Грингер.

Како што вели овој фармер од САД, „ги поддржуваме намерите на претседателот Трамп за заштита на домашниот пазар, но не и методите“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG