Линкови за пристапност

Зошто милиони Американци трошат пари и време за фудбалска фантазија?


NFL Football
NFL Football

Асоцијацијата за спорт и спортски игри ( ФСГА) објави дека има 59 милиони играчи на фудбалската фантазија во САД и Канада.

Прво што прави пред да замине секое утро за работа, Нима Ваез – Задех, го проверува својот тим во фудбалската фантазија он-лајн.

„За време на сезоната кога играчите се повредуваат, треба да направите измени, да внесете нови играчи“, вели 30-годишниот Задех.


Фудбалската фантазија е натпреварување во кое учесниците креираат имагинарни тимови од актуелни играчи од Националната фудбалска лига (НФЛ). Добиваат поени базирано врз перформансот на играчите во вистинските натпревари. Парите се дел од играта. Секој учесник во играта фудбалска фантазија придонесува со одредена сума во неговата или нејзината лига, награда што ќе ја освои најдобриот играч на крајот од сезоната.

Вашингтонецот Ваез – Задех е менаџер за сметководство во хотелиерство. Тој е еден од околу 12,5 милиони возрасни во САД кои што секоја година играат - фудбалска фантазија.

[https://www.nielsen.com/us/en/insights/article/2018/fantasy-is-reality-a-look-at-growing-engagement-in-fantasy-sports/

Асоцијацијата за спорт и спортски игри ( ФСГА) објави дека има 59 милиони играчи на фудбалската фантазија во САД и Канада. Севкупно, во оваа индустрија се “вртат“ по 7 милијарди долари годишно, според оваа асоцијација.

Но, дали оваа забава за вработените ги чини американските работодавачи милијарди долари?

Иако нема прецизен извештај за загубено време на работа, се проценува дека просечно се користат 30 минути, надвор од паузите. Се проверуваат тимовите, се врши продавање и купување на играчи и се читаат спортски вести.

Но, има и добри аспекти. Експертите наведуваат дека фудбалската фантазија помага во зацврстување на моралот меѓу вработените, поголемо дружење и позитивна работна атмосфера.

Секој сака да победи, но, како што вели Ваез-Задех, клучен бенефит од фудбалската фантазија е што остануваш во контакт и со старите пријатели за време на 17-неделната сезона во Националната фудбалска лига – НФЛ. И така, се до следната сезона.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG