Фејсбук е повторно он-лајн откако синоќа беше падната мрежата повеќе од шест часа и милиони корисници ширум светот не можат да ја користат оваа платформа, заедно со Инстаграм и Вотс ап.
Официјални лица од Фејсбук не обелоденија што бил проблемот. Сепак, кибернетски експерти велат дека он-лајн врските што водат до платформите на Фејсбук биле попречени. Но, со оглед дека контролата врз тие врски ја има Фејсбук, најверојатно станува збор за внатрешен проблем.
Нема докази за активност на хакери во привремениот прекин на мрежата на Фејсбук.
Facebook Forum