Линкови за пристапност

САД со фокус на социјални медиуми во борбата против тероризмот


Нови, популарни, моќни...
Нови, популарни, моќни...

Предлозите се однесуваат на следење постирања и коментари кои наведуваат на наводно планирање терористички напади

Американската влада го зголемува фокусот на идејата да истражува коментари постирани по социјалните медиуми за да определи кој претставува безбедносна закана по земјата.

Последниот пример е предлог од продолжената рака на Одделот за домашна безбедност – Агенцијата за погранична заштита, со што се планира да се бара од странски туристи да дадат информации за нивните профили на Фејсбук и Твитер.

Овој предлог ќе се најде како дополнително прашање на апликацијата на патниците кога влегуваат во САД или во делот на апликацијата, кога поднесуваат информации он-лајн со име, презиме, адреса, телефонски број, имиња на држави кои патникот ги посетил од 2011-та. Истото правило ќе важи и за патниците од 38 држави во светот кои имаат безвизен режим со САД.

Агенцијата за погранична и царинска заштита ќе побара дозвола од Канцеларијата за менаџмент и буџетски прашања да го додаде прашањето на апликацијата, за кое смета дека ќе опфати 24 милиони патници.

Во меѓувреме, Конгресот е зафатен со седниците за изготвување закони во кои ќе бидат вклучени постирања по социјалните мрежи поврзани со терористички активности.

Демократскиот сенатор Чак Шумер од Њујорк предлага и поинаква тактика за алармирање на властите за потенцијалните терористи. Тој сака да ја искористи постоечката програма „Награда за Правда“ на Одделот за правда, кој исплаќа парична награда за поднесено предупредување за постирање на социјалните медиуми што ќе води до апсење на осомничен, кој планира напад во САД.

„Живееме во време, кога терористи со неколку постирања и твитови може да заведат млади и да ги натера да извршат или изведуваат акти на тероризам“, изјави Шумер. „Потребно е окото на јавноста да ги алармира властите ако е на повидок неволја“, коментира овој сенатор.

Тој се залага паричната награда за откривање потенцијални терористички напади да се движи од 25.000 до 25 милиони долари.

XS
SM
MD
LG