Линкови за пристапност

Законодавците го критикуваа Фејсбук за дигиталната валута Либра


Bitcoin, which has risen in value for eight consecutive days, received a boost after Facebook has said it would offer its own cryptocurrency, the Libra coin by end of June 2020.
Bitcoin, which has risen in value for eight consecutive days, received a boost after Facebook has said it would offer its own cryptocurrency, the Libra coin by end of June 2020.

Конгресмените изразија критика за незаштитата на приватните информации на корисниците

Американски законодавци жестоко го критикуваа Фејсбук за плановите да креира нова дигитална валута, честопати алудирајќи на претходните дебакли на гигантот за социјални медиуми да ги заштити информациите на корисниците.

Членовите на сенатскиот банкарски комитет побараа одговор од Дејвид Маркус, прв човек на проектот Либра на Фејсбук, за тоа како компанијата ќе ја користи либрата, крипто-валута, за која компанијата вели дека ќе овозможи едноставен и евтин трансфер на пари преку границите.

„Фејсбук е опасен. Можеби нема намера, но дефинитивно не ја почитува моќта на модерната технологија. Фејсбук ја има запалено куќата и секој пожар го нарекува искуство од кое научил“, истакна демократот од Охајо, Шерод Браун.

Фејсбук беше во центар на контроверзата изминатите години, за неуспехот да ги заштити информациите од корисниците или лажните информации, за кои критичарите ги поврзаа со руското мешање во претседателските избори во САД 2016-та, како и за армиската кампања на Мјанмар, за геноцид врз малцинството – Муслимани.

Секретарот за финансии Стивен Мнучин рече дека Фејсбук е далеку од идејата Либра да биде одобрена за кусо време.

Фејсбук ја претстави Либра минатиот месец како алтернатива за популарната крипто-валута биткоин. Фејсбук се надева дека ќе ја лансира валутата во првата половина на 2020-та.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG