Гигантот од социјалните медиуми Фејсбук планира да лансира крипо - валута наречена Либра следната година во време кога го проширува начинот на електронско и глобално плаќање.
Популарната социјалната мрежа претстави амбициозен план за дигиталната валута, нарече Либра, со 28 корпоративни партнери, вклучувајќи го Пејпал, Спотифај, Виза и Мастеркард.
Либра се планира да се појави за шест месеци до една година и е наменета за луѓе коишто живеат надвор од финансискиот систем, но имаат пристап до паметен телефон.
Фејсбук се надева да собере 1 милијарда долари за да привлече повеќе партнери.
Во моментов, компанијата Фејсбук е под федерална истрага за начинот на спроведување на правилата за приватност за корисниците, а во Конгресот се одржуваат неколку распити на оваа тема.
Facebook Forum