Линкови за пристапност

Почина Евелин Лаудер


Почина Евелин Лаудер
Почина Евелин Лаудер

Креаторката на розевата панделка за кревање на свеста за борбата против рак, почина од - рак.

Почина креаторката на розевата панделка – симболот на свеста за ракот на дојка, Евелин Лаудер. Евелин беше снаа на Естер Лаудер, сопственичката на истоимената популарна козметичка компанија.

Евелин Лаудер почина во саботата во Њујорк, на 75 години, губејќи ја битката со рак на јајници.

Во 1992-та година Евелин заедно со нејзина пријателка ја креирала малата розева панделка, што се користи за кревање на свеста за рак на дојка во светот. Четири години претходно Евелин Лаудер добила рак на дојка, од кој успеала да се ослободи.

Сопруга на Леонард Лаудер, директор на компаниите Есте Лаудер, Евелин била на функцијата заменик-директор. Таа имала клучна улога во креирањето на производи што помогнале компанијата да стане еден од лидерите на козметичката индустрија во светот. Евелин Лаудер, по потекло од Виена, Австрија, подоцна во Њујорк ја основала и Фондацијата за истражување на рак на дојка, што успеала да собере преку 330 милиони долари за борбата против ова заболување.

Есте Лаудер почина во 2004-та година на 97-години.

XS
SM
MD
LG