Линкови за пристапност

Одложувањето почеток на преговори со ЕУ, драстично го зголемува евроскептицизмот во Северна Македонија


Пораст на евроскептицизмот во Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00

Пораст на евроскептицизмот во Северна Македонија

Според балканскиот барометар, спроведен од регионалниот совет за соработка за 6% е намалена поддршката кај луѓето, кои сметаат дека ЕУ е добра и позитивна работа за нивната држава.

Постојаното одлагање на почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, секојдневно го зголемува евроскептицизмот помеѓу граѓаните, коментираат аналитичари. Според некои истражувања, довербата во ЕУ, значително опаднала, сега отколку пред три години.

Одлагањето на евроинтегративниот процес на Северна Македонија до недоглед, поради бугарската блокада, ќе влијае и на растечкиот тренд на евроскептицизмот во земјава, коментираат аналитичари за Гласот на Америка. Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за Eевропска политика, вели дека веќе се зголемува недовербата во ЕУ и оти сега многу помалку од граѓаните веруваат во извесноста на перспективата за членство во унијата.

„Истражувањата на ИРИ од јуни, покажа дека денеска 32 % од граѓаните веруваат дека Македонија е поблиску до ЕУ отколку што била во 2005 година. Пред три години тоа биле над половината граѓани или 57%. 57% сега не веруваат, односно 57 % мислат дека сега е подалеку од членство отколку во 2005“, вели Малинка Ристевска Јорданова, Институт за Европска политика.

Елмас Хасанович, безбедносен аналитичар, смета дека интеграцијата на Западен Балкан е заложник на домашните политики на одредени земји членки на ЕУ и оти евроскептицизмот е веќе видлив.

„Според балканскиот барометар, спроведен од регионалниот совет за соработка за 6% е намалена поддршката кај луѓето, кои сметаат дека ЕУ е добра и позитивна работа за нивната држава. Ваквиот пораст на песимизмот, кој е очекуван исход не е само поради блокадата за почетокот на преговорите, туку е и поради се поголемата свесност за неподготвеноста на ЕУ за проширување“, коментира, Елмас Хасанович, безбедносен аналитичар

Но најавениот економски инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан во висина од 30 милијарди евра, претставува силен сигнал, за поголема економска интеграција на регионот но и решителноста на ЕУ, да се справи со се поголемото кинеско влијание во регионот, вели Хасанович ѝ додава: „Тоа што се очекува во наредниот период е Владата да ја подобри стратешката комуникација и овој план подобро да го претстави кај граѓаните, бидејќи трети актери, би можеле да ја искористат моменталната ситуација и дополнително да ја поткопаат довербата и поддршката за членство на Северна Македонија во ЕУ“.

Одлагањето на почетокот на преговорите, ќе се обидат да го искористат други регионални играчи, на што се свесни сите.

„Тоа е основниот мотив на ЕУ, за да го задржи влијанието тука иако очигледно за сега не знае како, не успева во тоа. Доколку ние не сме тука, местото ќе го заземат Кина и Русија. Тоа е стравот од страна на ЕУ. На тоа укажуваат и нашите политичари“, вели Малинка Ристевска Јорданова, Институт за Европска политика.

Јорданова не е оптимист во однос на преговорите со Бугарија, бидејќи вели Софија постојано ги зголемува своите барања.

Хасанович, пак дека, реално е да се очекува во втората половина на 2022 –ра да има раздвижување на работите и евентуално отстранување на блокадата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG