Линкови за пристапност

Обама се` уште популарен во Европа


Истражувањето го спровел Германскиот маршалов фонд на САД и опфатило 1.000 лица во САД, Турција и 11 држави на ЕУ

Ново истражување на јавно мислење покажува дека поддршката за претседателот Барак Обама опаднала во Европа, иако неговата популарност се` уште е голема.

Рејтингот на Обама меѓу Европејците паднал од 83% во 2009-та на 78% во 2010-та, според годишната анкета на Трансатлантски трендови, чии резултати беа објавени средата.

Истражувањето го спровел Германскиот маршалов фонд на САД и опфатило 1.000 лица во САД, Турција и 11 држави на ЕУ.

Иако Обама ужива поддршка во Европа, помалку од половина од анкетираните одобруваат како се справува со Иран и Авганистан.

Мнозинството Европејци велат дека членството во ЕУ е корисно за нивните економии, дури и кога тоа не е случај со еврото.

XS
SM
MD
LG