Линкови за пристапност

Еден милион мигранти во Европа

Агенцијата на ОН за бегалци објави дека еден милион мигранти успеале да стасаат до Европа од почетокот на 2015-та, споредено со 216.000 една година претходно

Високиот комесеријат за бегалци обелодени дека повеќе од 80% од бегалците вкупно - еден милион и 573 лица стасале во Грција, а мнозиството од нив, на островот Лезбос.

Повеќето од бегалците кои пристигнале во Грција дошле од Турција. Повеќето од нив го минале Медитеранот од Либија и стасале во Италија.

Агенцијата на ОН потврди дека половина од бегалците побегнале од Сирија, а 21% од Авганистан.

Најмалку 3735 мигранти го загубиле животот или се водат како исчезнати за време на минувањето на немирните води на Медитеранот на пат кон Европа.

This item is part of
XS
SM
MD
LG