Линкови за пристапност

Партиите на Зелените во подем во Европа


A youth holds a placard during a "Fridays for Future" climate strike outside the Federal Chancellery in Vienna.
A youth holds a placard during a "Fridays for Future" climate strike outside the Federal Chancellery in Vienna.

Заплената партија исто така е помал коалиционен партнер во Финска, Шведска, Литванија и Луксембург, каде се во коалиција со левоориентирани партии кон центарот.

Надоаѓа бранот на Зелените во Европа. Месецов, австриските Зелени се приклучија на владејачката коалиција во Виена, предводена од десничарското крило на конзервативната Народна партија, коалиција која беше незамислива до пред неколку години.

Зелените во Германија станаа повлијателни и веројатно во иднина без нив ќе биде неможно да се формира коалициона влада. Тие гледаат што се случува во Австрија, и веројатно ќе стапат во коалиција со централно-десничарска партија отколку левичарска по федералните избори во Германија.

Германскиот весник Билд, неодамна во уводник напиша дека австриската конзервативно-зелена коалиција може да служи како пример за Германија, пример за цела Европа.

Во мај 2019-та, Зелените партии доживеаја широка поддршка на изборите ширум Стариот континент, особено меѓу урбаното гласачко тело.

Зелената партија исто така е помал коалиционен партнер во Финска, Шведска, Литванија и Луксембург, каде се во коалиција со левоориентирани партиски опции кои тежнеат кон центарот.

Формирање на ваквите нови коалиции е должи на таканаречениот ефект на Тунберг, Движењето за Иднинта предводено од Грета Тунберг, 17-годишно девојче кое е во средиштето на фокусот во борбата против климатските промени, велат аналитичарите.

Исто така, успехот на Зелените на изборите се должи и на зголемената политичка софистицираност меѓу гласачкото тело.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG