Линкови за пристапност

Еврозона: едвај напредок во третиот квартал


Еврозона: едвај напредок во третиот квартал
Еврозона: едвај напредок во третиот квартал

Европската унија објави дека економијата во 17 члената еврозона која го користи еврото пораснала само за 0, 2% во третиот квартал, најмногу благодарение на успехот на најголемите економии - Германија и Франција.

Економијата на еврозоната едвај забележала напредок во периодот јули – септември, најмногу поради загриженоста во финансискиот свет за преголемата задолженост во Грција и Италија.

Европската унија објави дека економијата во 17 члената еврозона која го користи еврото пораснала само за 0, 2% во третиот квартал, најмногу благодарение на успехот на најголемите економии - Германија и Франција. Но, грчката економија се намалила за 5,2% проценти во истиот квартал, а економистите сметаат дека Италија може да се западне во рецесија.

Берзите во Лондон, Париз и Франкфурт бележат пад во тргувањето во време кога инвеститорите стравуваат за способноста на коалиционите влади во Атина и во Рим да ги спроведат непопуларните мерки на штедење и контрола на дефицитот и да го отплаќаат долгот на долгорочен рок.

XS
SM
MD
LG