Линкови за пристапност

СЗО: Европа има повеќе смртни случаи од Ковид-19, споредено со пред една година


За време на виртуелниот брифинг од неговата канцеларија во Копенхаген, Ханс Клуг изјави дека е особено загрижен за централна Европа, Балканот и балтичките држави

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа изјави дека состојбата со Ковид-19 на Стариот континент е чекор назад, и повеќе луѓе умираат од вирусот отколку истиот период, пред една година.

За време на виртуелниот брифинг од неговата канцеларија во Копенхаген, Ханс Клуг изјави дека е особено загрижен за централна Европа, Балканот и балтичките држави, каде новите позитивни случаи, хоспитализации и смртни случаи сега се меѓу највисоките во светот.

Клуг изјави дека во моментов во Европа има во просек по 20.000 смртни случаи од Ковид-19 неделно, и оти севкупната бројка на починати надмина 900.000.

Тој додаде дека има повеќе од 1,2 милиони нови случаи ширум Европа минатата недела, а трета седмица по ред, има зголемување на бројката на новозаразени.

Клуг потенцираше дека 46 држави во регионот имаат дистрибуирано повеќе од 107 милиони дози од вакцините против Ковид-19, а 3% од популацијата во 45 држави, ги примиле двете дози од вакцината

Иако призна дека има напредок, според него, тоа не е доволно да запре ширењето на вирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG