Европското првенство во фудбал е одложено за една година поради пандемијата со коронавирусот
Претседателот на УЕФА Александер Церефин изјави дека ширењето на вирусот „го прави фудбалот и животот во Европа речиси невозможен“.
Најпрестижниот фудбалски турнир во Европа ќе се одржи следната година – од 11-ти јуни до 11 јули.
Одлуката на ФИФА уследи по видео-конференцијата на која учествуваа сите 55 национални фудбалски федерации.
Финалето на европското првенство во фудбал вообичаено привлекува публика од 300 милиони гледачи, а УЕФА оствари профит од 912 милиони долари пред четири години.
Facebook Forum