ЕУ најави дека ќе им предложи на членките целосно вакцинираните жители да може да патуваат надвор од блокот.
Портпаролот на ЕК Кристијан Вигард на новинарите во Брисел им рече дека амбасадорите од 27-те членки се согласиле да ги олеснат критериумите за нациите кои се сметаат за безбедни за патување во време на Ковид-19.
Во моментов само седум нации се сметаат за безбедни, базирано врз критериумот за бројката на новозаразени од Ковид-19.
ЕУ лани воведе стриктни мерки по почетокот на ширењето на пандемијата, но многу амбасадори од Унијата најавија дека мерките треба да се укинат со оглед дека се поголем број луѓе се вакцинирани, и наскоро почнува сезоната на летни одмори.
Facebook Forum