Линкови за пристапност

Истражување: Пад на јавната доверба во институциите на ЕУ


Исто така има зголемување на недовербата кон иднината на Унијата, не само меѓу гласачите кои традиционално се евро-скептици.

Јавната доверба во ЕУ бележи опаѓање најмногу поради начинот на кој Унијата се справува со пандемијата со Ковид-19, но и набавката и доставата на вакцините, според истражување на Европскиот совет за надворешни работи. Ваквото расположение, според анкетите, доаѓа најмногу од јужните и источни членки, па се до Франција и Германија.

Исто така има зголемување на недовербата кон иднината на Унијата, не само меѓу гласачите кои традиционално се евро-скептици.

Генерално, Европејците и натаму веруваат во важноста на мултилатералната соработка меѓу државите и мнозинството сака ЕУ да стане значаен глобален фактор.

Меѓу половината од земјите-членки на ЕУ, повеќето испитаници изјавиле дека имаат мала доверба во Унијата или нивната доверба опаѓа, со мнозинско вакво расположение во Франција (62%), Италија (57%), Германија (55%), Шпанија (52%), кои изјавиле дека сметаат дека системот е „скршен“.

„Ако ЕУ сака да ја надмине следната фаза од пандемијата, или друг предизвик што задира во нејзиниот легитимитет, тогаш императив е да го слуша гласот на нејзините жители“, велат експертите.

Во анкетата во април, учествувале 17.000 Европејци од неколку држави на ЕУ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG