Линкови за пристапност

Дисонантни тонови спроти Самитот на ЕУ во Салцбург


Официјално, Самитот во родниот град на Моцарт е неформална средба на лидерите на ЕУ без политичка моќ на носење обврзувачки одлуки.

Лидерите на ЕУ на Самитот во Салцбург, Австрија фокусот ќе им биде насочен на Брегзит, миграцијата, иднината на Унијата.

Две спротивставени струи ќе влечат на своја страна, туркајќи ја својата агенда. Едната страна, ја предвои францускиот претседател Емануел Макрон, кој лобира за амбициозна агенда за зацврстување на интеграцијата меѓу земјите-членки, и централизирање на економското владеење, а другата страна ќе ја предвои унгарскиот лидер Виктор Орбан и истомислениците од Австрија, Италија и Полска, којшто се залагаат за ставање крај на имиграцијата надвор од Европа, но и помало мешање од Брисел во работата на националните влади во земјите членки.

Официјално, Самитот во родниот град на Моцарт е неформална средба на лидерите на ЕУ без политичка моќ на носење обврзувачки одлуки.

Според аналитичарите, за миграцијата не се очекува приближување на ставовите. Тие предупредуваат дека секогаш кога лидерите на ЕУ дискутираат за имиграционата политика, состојбите на терен се влошуваат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG