Линкови за пристапност

Европскиот парламент усвои 40 милијарди долари за помош на погодените од коронавирусот


Пакетот вклучува и проширување на Фондот за солидарност на ЕУ за јавни здравствени итни ситуации ширум Европа.

Европскиот парламент доцна синоќа усвои финансиски пакет од 40 милијарди долари за помош на државите и нивните граѓани коишто се најмногу погодени од пандемијата со КОВИД-19.

Само претседателот Давид Сасоли се врати во зградата на Европскиот парламент од заштитниот карантин за вонредната пленарна седница, а парламентарците гласаа по и-маил.

Европска комесарка за здравство Стела Киријидес
Европска комесарка за здравство Стела Киријидес

Таканаречената иницијатива за одговор на коронавирусот има цел да им помогне на луѓето и бизнисите да се справат со кризата.

Пакетот вклучува и проширување на Фондот за солидарност на ЕУ за јавни здравствени итни ситуации ширум Европа.

Членовите на европскиот Парламент исто така усвоија привремено суспендирање, барем до октомври, на условот во ЕУ со кој се бара од авионските компании да користат 80% или повеќе од нивните предвидени летови, за да можат да ги задржат линиите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG