ЕУ почна нова операција во јужниот дел на Средоземното море за пресретнување бродови кои криумчарат луѓе во обид нелегално да влезат во Унијата. „Операцијата Софија“ почна денеска, при што морнаричките бродови добија дозвола да пресретнуваат, пребаруваат и запленат бродови за кои има сомневање дека спроведуваат трговија со луѓе.
Претходно, ЕУ беше фокусирана на спасувачки операции на отворено море, но годинава поради енормниот прилив на мигранти од Сирија и Ирак и насекаде, илјадници го загубија животот во обид да стасаат до европскиот брег.
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд се очекува денеска во европскиот Парламент да дискутираат за мигрантското прашање.
Оваа година повеќе од 130.000 мигранти стасаа до Европа од брегот на Северна Африка. Но, околу 2700 од нив, се претпоставува дека го загубиле животот за време на опасното патешетвие.