Линкови за пристапност

ЕУ одобри 580 милијарди долари помош за ублажување на последиците од КОВИД-19


Итна финансиска помош е најмногу потребна во најпогодените од коронавирусот - Италија и Шпанија.

Европската Унија одобри 580 милијарди долари помош за ублажување на последиците од затварањето на државите поради ширењето на коронавирусот.


Претседателот на Европскиот совет Чарлс Мајкл изјави дека пакетот се очекува да биде оперативен од 1-ви јуни. Тој оцени дека тоа ќе помогне да се надоместат загубените плати, да им се помогне на компаниите и да се финансира системот за здравствена заштита.

„Сите сме согласни дека здравјето и безбедноста на нашите граѓани е на прво место. Се согласивме да продолжиме да ја следиме ситуацијата, особено како што наближуваме кон сезоната на одмори. Ќе се насочиме кон постепено укинување на рестриктивните мерки“, изјави Мајкл.

На виртуелниот самит, лидерите на ЕУ се согласија за усвојување Фонд за обнова, без да дадат конкретни бројки, кој што ќе бие наменет за заздравување на економиите на 27-члената Унија. Сепак, официјални лица најавија дека ќе бидат потребни меѓу 1,1 до 1,6 трилиони долари.

Итна финансиска помош е најмногу потребна во најпогодените од коронавирусот - Италија и Шпанија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG