Линкови за пристапност

ЕУ со поддршка кон Макрон за заладувањето на односите со САД и Австралија


Лидерите на ЕУ застанаа зад Франција, откако беше отфрлен нејзиниот договор со одлуката на Канбера да склучи тристран безбедносен Азиско-пацифички Пакт, познат како АУКУС, со Британија и со САД, при што беше исклучен Париз.

Одлуката на Австралија да ја откаже зделката од 66 милијарди долари за набавка на 12 француски конвенционални подморници и наместо тоа да склучи договор за купување најмалку осум софистицирани подморници на нуклеарен погон од САД и Британија и натаму го навлекуваат гневот од француски официјални лица коишто гледаат како на нелојалност од страна на Лондон и Вашингтон.

Лидерите на ЕУ застанаа зад Франција, откако беше отфрлен нејзиниот договор со одлуката на Канбера да склучи тристран безбедносен Азиско-пацифички Пакт, познат како АУКУС, со Британија и со САД, при што беше исклучен Париз.

Шефот на дипломатијата на ЕУ Жосеп Борел, кој се наоѓа во Њујорк на Генералното собрание на ОН, изјави дека министрите за надворешни работи изразиле „јасна солидарност со Франција“. Борел упати порака кон Лондон и Вашингтон дека е потребна, „повеќе соработка, повеќе координација, помалку фрагментација“, меѓу западните сили во Индо-пацифичкиот регион каде Кина е главна растечка сила и преставува аларм за соседите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG