Линкови за пристапност

Британија излезе од ЕУ


Се очекува премиерот Борис Џонсон да се обрати до нацијата и да пренесе оптимистичка порака.

По три и пол години, тројца премиери и бескрајни гласања во Парламентот во Лондон од референдумот за Брегзит во 2016-та, Британија денеска станува прва земја која ќе ја напушти Европската Унија, јавуваат медиумите.


И покрај излезот од ЕУ, речиси сите промени со статусот нема да бидат видливи веднаш во јавноста. Британија влегува во транзициски период, кој што треба да биде договорен меѓу британската влада и ЕУ. И според договорот, тоа значи дека во следните 11 месеци, Великa Британија, засега останува членка на ЕУ под сите критериуми, освен под терминот и статусот.

Се очекува премиерот Борис Џонсон да се обрати до нацијата и да пренесе оптимистичка порака. Се очекува владата во Лондон да организира забави по повод Брегзит ширум земјата.

Денешното знамето на ЕУ заминува во историја и ќе се најде во Mузејот на Унијата во Брисел.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG