Линкови за пристапност

ЕУ одобри одложување на Брегзит до 31-ви јануари


Последниот рок кога требаше да се случи Брегзит беше 31-ви октомври

ЕУ се договори за одложување на Брегзит до 31 јануари 2020-та, во време кога британскиот премиер Борис Џонсон бара брзи вонредни избори со дел да го може да биде усвоен Договорот за излез од ЕУ во Лондон.

Џонсон претходно се заложи дека нема да бара пролонгирање на Брегзит, но ќе биде принуден да го стори тоа откако беше поразен во Парламентот околу ратификувањето на Спогодбата за излез од Унијата.

„Нема да дозволиме да продолжи парализата, и немаме други избор освен да одиме на избори. Ќе понудиме, вонредни, брзи, избори на 12-ти декември, со цел да го завршиме Брегзит. Спикерот на Парламентот не може повеќе да не држи за заложници“, порача британскиот премиер. Досега има одложувањето на Брегзит во три наврати откако британските гласачи, со тесни мнозинство, одобрија излез од ЕУ на референдум во 2016-та.

Последниот рок кога требаше да се случи Брегзит беше 31-ви октомври.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG