Берлин ќе направи се што може за до крајот на годината земјава да ги почне преговорите за членство во Европската унија. Ваква силна порака на поддршка прати шефот на германската дипломатија по видео-средбата со македонскиот министер за надвоирешни работи. Хајо Мас ја повтори заложбата на Германија - најмоќната членка на Унијата шестмесечниот мандат како претседавач со ЕУ да го финишира со успех во делот на проширувањето – одржување на првата меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Унијата.
Останува наша заедничка цел, во рамките на нашето претседавање со ЕУ, да ја одржиме Меѓувладината конференција со Северна МакедонијаХајко Мас
„Останува наша заедничка цел, во рамките на нашето претседавање со ЕУ, да ја одржиме Меѓувладината конференција со Северна Македонија. Ние ќе направиме се што е во наша можност за до крајот на годината да се одржи меѓувладината конференција.“, изјави Хајко Мас, министер за надворешни работи на Германија.
Ставот на Мас за бугарскиот меморандум во кој се проблематизира историјата на македонскиот јазик и народ и условувањето на стартот на преговори со решавање на историски прашања е дека тие теми двете земји треба да ги надминат – процес, кој како што рече, ќе биде поддржан од меѓународната заедница. Сепак, вели дека е оптимист за исходот. Мас, меѓу другото порача и дека Северна македонија во наредниот период треба да се фокусира на владење на правото. Според Османи, почеток на преговори во декември е шанса која не смее да се испушти.
Почетокот на преговори со ЕУ за нас ќе значи заокружување на процесот на враќање на земјата на патот кон ЕУ.Бујар Османи
„Почетокот на преговори со ЕУ за нас ќе значи заокружување на процесот на враќање на земјата на патот кон ЕУ. Одржувањето на Меѓувладината конференција ќе биде потврда на европскиот курс на земјата.“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија.
Се најавува дека за отворените прашања со Бугарија наскоро на средба во Софија ќе разговараат премиерите Заев и Борисов. На почетокот на ноември во бугарската престолнина ќе се одржи седница на Берлинскиот процес – германска иницијатива за приближување на регионот кон Унијата, со кој годинава копретседаваат токму Скопје и Софија.
Facebook Forum