Политичките тензии во Македонија настанати по инцидетот во Собранието кој се случи меѓу пратеници од опзицијата и припадник на МВР, не стивнуваат. Европската аднминистрација денеска изрази загриженсот поради ваквиот развој на настаните на полтичката сцена во државата.
„Ги повикуваме сите актери под итно да започнат директен дијалог и да генерираат подобра клима и да изградат заемна доверба“,се вели во соопштението од кабинетот на комесарот за проширување Штефан Филе.
Понатаму во оваа реакција на Европската комсија се потенцира: „Политичкиот дијалог е заедничка одговорност на владејачката партија и на опозицијата, преку кој тие демонстрираат конструктивност и искрена заложба“.
ЕУ, се додава понатаму, има јасни очекувања за зрелоста и функционалноста на демократските институции од една земја која сака да напредува во интеграциската агенда.
Оваа порака утре и непосредно ќе им биде пренесена на премиерот Груевски и лидерот на опозицијата Бранко Црвековски. Првиот патува во Брисел на средба со претседавачот на Европскиот совет, белгискиот премиер Ив Летерн, а вториот ке биде во Стразбург и таму ќе се сретне со Штефан Филе.
Во меѓувреме во Македонија не стивнува страста со која се препукуваат двете најголеми партии за инцидетот што се случи во Собранието.
Инцидентот во Собранието директно ќе влијае врз евро-интеграцијата на Македонија, а за тоа виновна ќе биде опозициската СДСМ, обвини во понеделникот владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Овој инцидент што го направи СДСМ ќе придонесе РМ да добие негативен извештај. Ваквиот инцидент е на штета на сите, на младите, на граѓаните на РМ. СДСМ само покажа дека поинаку ја перцепира политиката во РМ. Борбата за гола власт им е поважна од иднината на сите граѓани на РМ“, изјави Сашо Стефановски.
Експресно на ова одговорија од СДСМ.
„Прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ е безуспешен обид да бараат алиби за очекуваниот негативен извештај за Македонија“, одговори опозициската СДСМ.
„Инцидентот во Собранието е потврда на критиките на европската комисија кои стигаат веќе четири години, дека Македонија се трансформира во полициска држава во која не се почитуваат основните права и слободи, заради одржување на криминално-фамилијарна диктатура во Република Македонија. Има само една партија и една фамилија која не сака да ја види земјата во НАТО и ЕУ - Груевски и неговата фамилија“, се вели во писмената реакција на СДСМ.
Инаку опзицискиот СДСМ денска поднесе и инцијатива за формирање на Анкетна комсија која би го расчистила случајот.
Спикерот Вељановски ја прифати иницијативата барајќи полтичките партии во Собранеито меѓусебно да се договорат. „Ако постои согласнот мегу нив јас сум согласен да го ставам на дневен ред оваа барање“, изјави Вељановски.