Специјалниот пратеник за Рогот на Африка во Стејт департментот, Џефри Фелтман е во посета на Етиопија денес и утре, откако бунтовничките сили од северниот регион Тигреј напредуваат кон главниот град и владата во Адис Абеба објави вонредна состојба.
Денеска, Етиопија одбележува една година од бруталните пресметки меѓу владините сили, поддржани од еритрејски војници и бунтовниците во северниот регион Тигреј.
Сега бунтовниците најавија дека напредуваат кон главниот град Адис Абеба и оти може да го освојат за неколку месеци, дури и недели.
„Етиопија нема да доживее колапс. Етиопија ќе просперира, секогаш ќе постои и ќе ги порази сите кои ја тестираат нејзината издржливост“, изјави премиерот на Етиопија Абиј Ахмед.
Владата на Етиопија прогласи вонредна состојба преку весниците во главниот град ги повика жителите да ги бранат соседствата, ако бунтовниците влезат во градот. Претседателот на Тигреј ја обвини владата и нивните сојузниците за страдањата.
„Тие одлучија да продолжат со војна. Ние влеговме во војна затоа што тоа е единствена опција и ќе ги поразиме непријателите„ изјави Депретсион Гебремајкл.
Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс повика на запирање на крвопролевањето и заштита на цивилното население.
Стејт департментот го крена нивото за избегнување патување во Етиопија на 4-то ниво.
Facebook Forum