Линкови за пристапност

Пронајдени црните кутии на урнатиот авион на Етиопиан ерлајнс


Етиопиан Ерлајнс ја приземји флотата на Боинг 737 - Макс 8, по несреќата

Етиопиан Ерлајнс во денешна порака на Твитер велат дека се најдени двете црни кутии од летот што се урна во неделата.

Етиопија објави ден на жалост за 157 лица кои загинаа кога авионот на Боинг 737 Макс-8 упатен за Најроби паднал само шест минути по полетувањето од Адис Абаба, главниот град на Етиопија.

Најмалку 20 од патниците биле упатени кон годишното заседание на Програмата за животна средина на ОН, во глобалното седиште во Најроби, главниот град на Кенија. Знамето на ОН беше на половина копје кога делегатите пристигнале за состанокот во понеделник.

Со минута молчење започна собирот во знак на сеќавање за загинатите колеги.

Етиопиан Ерлајнс ја приземји флотата на Боинг 737 - Макс 8, по несреќата.

Во соопштение доцна во неделата Бoинг кажа дека нивни тим патува на местото на несреќата да обезбеди техничка помош под водство на Етиопското биро за истрага по несреќи и Американскиот национален борд за безбедност во сообраќајот.

На пилотот на авионот му било дозволено да се врати на аеродромот по пријавените проблеми, кажа раководителот на Етиопиан Ерлајнс, додавајќи дека ништо не е исклучено како причина за несреќата.

Кина, Индонезија и Кејменските Острови ги приземјиа нивните авиони од типот Боинг 737 - Макс 8.

Во авионот биле државјани од најмалку 35 земји.

Се работи за нов авион, доставен во ноември. Се работи за ист модел на авион кој полета од Џакарта, Индонезија во октомври и се урна во Јаванското Море неколку минути подоцна, убивајќи 189 луѓе на него.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG