Линкови за пристапност

Македонската дијаспора во САД гласа


Иселениците во Вашингтон денес и официјално го отворија гласањето за предвремените парламентарни избори во Македонија

Своето право на глас во странство, државјаните на Република Македонија ќе можат да го остварат во 41 дипломатско-конзуларно претставништво и конзуларни канцеларии, од 7 до 19 часот по локално време.

Заменик – претседателот на избирачко место 5040 во Вашингтон во македонската амбасада во САД, Срѓан Хаџи-Николов, за Гласот на Америка потврди дека до 13 часот од 62 запишани гласале вкупно 15 гласачи, или 24%, одзив на гласачите.

Гласањето тече без прекин во мирна и демократска атмосфера.

Македонските државјани кои живеат и работат во странство, а претходно се регистрирале за гласање во дипломатско конзуларните претставништва денес гласаат во поголем број на градови, во различни делови од светот.

Се гласа во Вашингтон, Њујорк, Чикаго, Берн, Венеција, Детроит, Мелбурн, Рим, Љубљана, Берлин и Бон,Виена, Торонто и Отава, Брисел, Лондон, Хаг, Анкара, Истанбул, Прага, Москва, Будимпешта, Сараево, Доха, Абу Даби, Мадрид, Пекинг...

На изборите каде гласа дијаспората, надгледуваат и членови на политички партии. За гласање надвор од Македонија се пријавени 20.591 лица. Најмногу има пријавени во Берн, Швајцарија 4256, а најмалку во Варшава, Полска – 14.

Избирачкиот систем брои 1.784.416 лица. Во Македонија се запишани 1.531.368, а во странство 230.122 лица се водат на посебен список.

Обединетата Македонска Дијаспора ги повика сите граѓани на Македонија со право на глас, со живеалиште во и надвор од татковината, да излезат и да гласаат на изборите овој викенд – 10-ти и 11-ти декември. Од ОМД посочуваат дека идната Влада ќе мора да се посвети на враќање на позитивната слика на Македонија во светот, како лидер во Балканот на сите полиња, идна членка на НАТО и ЕУ.

Изборите ќе ја чинат Македонија 7, 5 милиони евра, што е досега најголемиот буџет предвиден за избори. За споредба, за претседателските избори во 2014-та, кои се спроведуваат според мнозински систем и во два круга, беа предвидени околу 4,5 милиони евра.

Од ДИК соопштија дека најмногу пари се трошат на материјали, печатење на ливчиња, обрасци и упатства, како и за транспорт, печати, паравани, хонорари и превоз и сместување на членовите на избирачки одбори.

XS
SM
MD
LG