Линкови за пристапност

Ел Нињо зема замав


НАСА објави дека САД наскоро може да ги почувствуваат хаотичните ефекти од временскиот феномен познат како Ел Нињо

Американската вселенска агенција предупреди дека Ел Нињо може да биде силен и да има интензитет како во 1997-1998-ма, кога водеше до снежни невремиња и поплави ширум земјата.

„Снимките од вселената покажуваат речиси идентични промени долж екваторот на централниот и источниот дел на Пацификот, - а тоа значи потенцијален силен и разузнувачки Ел Нињо“, објави НАСА.

НАСА сугерира дека актуелниот Ел Нињо, кој веќе креира хаос со невообичаените временски температури ширум светот, не покажува знаци на повлекување.

Феноменот се забележува кога водите на Тихиот Океан се затоплуваат премногу и предизвикува промени во климатските модели низ целиот свет.

Од оваа агенција велат дека САД може да ги почувствуваат ефектите од Ел Нињо во првите месеци од 2016-та. Тоа значи, неколку месечен период на студено и врнежливо време во јужниот дел на САД и релативното затоплување на педиод без дожд во северниот дел на земјата“.

XS
SM
MD
LG