Линкови за пристапност

За „Ел Чапо“ доживотна казна затвор плус 30 години


Мексиканскиот крал на дрогата ќе ја одлежи казната во САД

Поранешниот мексикански крал на дрогата Хоаким „Ел Чапо“ Гузман ќе го мине остатокот од животот во затвор.

Судијата Брајан Коган во федерален суд во Њујорк го осуди Гузман на доживотна казна затвор плус 30 години.

62-годишниот е осуден за криумчарење тони кокаин, хероин и марихуана како лидер на познатиот квартел Синалоа.

За првиот човек на една од најнасилните и најголеми насилни групи кои се занимавање со препродавање дрога, обвинителството се произнесе дека „Ел Чапо“ бил инволвиран и во неколку заговори за убиства.

Гузман беше конечно фатен во 2016-та, по две бегства од затвори со максимално обезбедување во Мексико. Беше екстрадиран во САД во јануари 2017-ма за да биде изведен пред суд во Њујорк.

„Ел Чапо“ ја стекна славата во 1980-тите, кога имаше стратегија на копање подземни тунели меѓу САД и Мексико, што му овозможуваа да криумчари големо количество на дрога, многу побрзо од конкуренцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG