Линкови за пристапност

Еди Рама за Гласот на Америка: „Спасувањето човечки животи од Авганистан е приоритет“


Рама, чија земја привремено згрижи 4000 авганистански бегалци, рече дека како земја-членка на НАТО, Албанија мора да преземе „свој дел од одговорноста“ да ги заштити тие што работеле за меѓународната воена организација во Авганистан.

Во ексклузивно интервју за Гласот на Америка, албанскиот премиер Еди Рама дека се наметнуваат прашања за начинот на кој беше изведено повлекувањето од американските војници од Авганистан, но, како што потенцираше, „најпрво мора да спасиме животи на Авганистанци“.

Рама со авганистански бегалци во Тирана
Рама со авганистански бегалци во Тирана

Рама, чија земја привремено згрижи 4000 авганистански бегалци, рече дека како земја-членка на НАТО, Албанија мора да преземе „свој дел од одговорноста“ да ги заштити тие што работеле за меѓународната воена организација во Авганистан.

Рама во интервјуто за авганистанската редакција на Гласот на Америка потврди дека бегалците од Авганистан може да останат во оваа балканска земја, колку што сакаат.

Тој се осврна за историската улога на Албанија во заштита на бегалци и оти сегашната одлука на Владата во Тирана им го должи тоа на своите деца, зашто, според него, важно да се насади во следната генерација дека кога некому му е потребна помош, треба да се помогне.

Запрашан за трагичните слики од аеродромот во Кабул, и хаотичното повлекување на САД и НАТО од Авганистан, албанскиот премиер оцени дека е прерано да се анализира состојбата се додека и последниот човек не е евакуиран и спасен ако се наоѓа во опасност по неговиот или нејзиниот живот во Авганистан. Но, истовремено, тој рече дека е дволично да се обвинуваат само САД и актуелната администрацијата за хаосот во оваа земја зашто, како што истакна „сите сме заедно вклучени како сојузници во Авганистан“. Според него, неминовно е најпрво да бидат спасени животи, а дури потоа може да се анализира дали се направени евентуално погрешни проценки и планови со повлекувањето од оваа земја.

Тие мора да се чувствуваат како дома. Ако сакаат да останат на подолго време, добредојдени се.
Рама за бегалците од Авганистан во Тирана


Рама, запрашан, за помошта што неговата земја ја овозможува кон авганистанските бегалци во Албанија, рече дека одлучиле дека ќе им биде обезбедена бесплатна здравствена нега. Според него, властите работат на обезбедување континуитет на учење на децата на англиски и нивниот јазик, по и училиштата, зашто мора да се грижат во обезбедување перспектива за нивната иднина. „Тие мора да се чувствуваат како дома. Ако сакаат да останат на подолго време, добредојдени се“, рече Рама, осврнувајќи се на долгите бирократски правни пречки со безбедносните проверки кои можеби ќе траат со месеци, пред евентуално за реалоцирање на бегалците и префрлање во третите земји.

Запрашан дали албанската влада ќе го признае режимот на Талебан во Авганистан, албанскиот премиер Еди Рама рече дека низ историјата и неговата земја минувала низ фази на целосен недостиг на слобода на изразување, целосна национализација на стекнат имот, и крах на системот, забрана за верување во Бога, како што сега, се случува во Авганистан. Рама навести дека Албанија нема да брза и нема да биде дел од клубот за признавање на режимот во Кабул со вакви мерки и постапки, но потенцираше дека е важно да се гради доверба, да се разговара со властите, патот на комуникација да биде отворен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG