Линкови за пристапност

Негативен тренд на светските берзи


Негативен тренд на светските берзи
Негативен тренд на светските берзи

Вредноста на акциите на глобалните пазари и натаму опаѓа по веста за намалување на врвниот кредитен рејтинг на САД

Главните индекси ширум Азија денеска забележаа пад меѓу два и четири проценти. Вредноста на акциите опадна и на берзата во Њујорк. Негативен тренд е забележан и на берзите во земјите од Блискиот Исток.

Френсис Лун е извршен директор на компанијата Лајнсин Холдингс.

Тој вели дека реакцијата во Азија била подобра од очекуваното, но сепак, инвеститорите се песимистички расположени за иднината, не само заради тоа што САД го загубија врвниот кредитен рејтинг, туку заради забавениот економски развој како во САД, така и во Европа.

Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер изјави дека Агенцијата Стандард енд Пурс направила „ужасна проценка“, кога во петокот го намали кредитниот рејтинг на САД од трикратно А на АА+. Гајтнер додаде дека агенцијата покажала, цитираме, „неверојатен недостаток на знаење“ за математичките методи за оценка на федералниот буџет.

Намалувањето на американскиот рејтинг е показател дека владините обврзници во моментов се поризична инвестиција. Претставници на Стандард енд Пурс предвидуваат уште едно можно намалување на кредитната способност на САД за околу шест месеци отсега.

Секретарот Гајтнер сепак охрабрува дека САД имаат мошне отпорна и силна економија. Тој убедува дека американските обврзници се апсолутно безбедна инвестиција и дека не постои ризик оти САД нема да можат да ги исполнат своите обврски.

XS
SM
MD
LG