Линкови за пристапност

САД: И покрај нетрпеливоста, за целосно реотварање на економијата ќе бидат потребни месеци


Експерти изготвија нацрт-фазно рестартирање на економијата

Претседателот Трамп неколкупати има изјавено дека сака повторно да ги „отвори“ САД што е можно поскоро и да ја намали економската штета предизвикана од прописите за социјално дистанцирање како одговор на пандемијата со коронавирусот.


„Нашата држава никогаш не била градена да биде затворена“, најави Трамп неколкупати.

Сепак, експертите од јавното здравје предупредија дека повторното рестартирање на економијата нема да биде толку едноставно, иако вирусот во Кина рапидно ја губи силината.

Се зголемува уверувањето дека американската економија ќе биде затворена уште некое време, многу подолго отколку што очекувал претседателот.

Тој ја истакна желбата за „преполни Цркви“ за време на неделниот Велигден на 12-ти април, и сега на тој датум се гледа како целосно нереално за враќање на животот во нормала.

Во вторникот, главниот економски советник на Трамп изјави дека експертите по јавно здравје ќе ја наведуваат одлуката на американската администрација - како и кога ќе бидат олеснети напорите за спречување на ширењето на коронавирусот.

„Луѓето од областа на здравството ќе ги насочуваат одлуките поврзани со јавното здравје“
Лари Кудоу, виш економски советник во Белата куќа


Вели економскиот советник Лари Кудоу во интервју за Политико.

Кудоу во интервју за Фокс њус рече дека “претседателот сака да ја отвори економијата, и плановите се водат зад затворени врати“ без да открива детали.

Запрашан за плановите кога ќе бидат охрабрени бизнисите да се вратат на работа, потпретседателот Мајк Пенс рече дека некои од „најголемите умови“ работат во Белата куќа на изготвување нови прописи.


Изминатата недела, конзервативниот Институт Ентерпрајз објави неколку извештаи од група јавни експерти, вклучувајќи го и Скот Готлиб, кој служеше како комесар за храна и лекови во администрацијата на Трамп меѓу 2017-та до 2019-та, и понудија насоки за постепено отворање на економијата:

https://www.aei.org/research-products/report/national-coronavirus-response-a-road-map-to-reopening/

Извештајот посочува постепено отворање на економијата, „чекор по чекор пристап“, како ќе се зголемува бројката на тестирани и излекувани од вирусот. Авторите предвидуваат четири фаза за ре-отварање на економијата и подготовки за идни пандемии.

Според препораките, САД се наоѓаат се уште во прва фаза – каде се практикува социјално дистанцирање како итна мерка за забавување на ширењето на коронавирусот, и се уште не се спроведува доволно тестирање на популацијата, ѝ е непозната точната бројка на заразени. Засега, болниците се преполни, и се под ризик да немаат капацитет да примаат нови пациенти.

Втората фаза дозволува постепено реотварање на економијата врз регионална база.

Луизијана се подготвува за бран заразени од КОВИД-19
Луизијана се подготвува за бран заразени од КОВИД-19

Според анализата, државата ќе може безбедно да се префрли во втората фаза ако бидат исполнети четири критериуми – одржливо намалување на случаите во последните 14 дена; болниците ширум државите да имаат капацитет да ги примат и лекуваат сите пациенти; држава да може да ги тестира сите граѓани со симптоми на КОВИД-19; државата да може да ги следи сите потврдени случаи и нивните контакти.

Засега, ниту еден од овие критериуми не е исполнет во САД.

Иако во области и региони каде има опаѓање на бројката на заразени, тестирањето се уште не е достапно за сите и има недостиг на респиратори и основна медицинска опрема.

Третата фаза од процесот, каде би биле укинати сите рестрикции, засега, не е во блиска иднина.

Еден од авторите, Готлиб, наведува дека не е реалистично да се очекува целосно економско оправување се додека не се најде вакцината, која ќе овозможи олеснување на стресот меѓу луѓето и чувство на враќање во нормала, а тоа би се очекувало за речиси една година, и повеќе.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG