Линкови за пристапност

Битка против сивата економија во Северна Македонија


Борба против сивата економија во Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

Главните активности ќе бидат фокусирани на креирање нови и ефикасни алатки за борба против неформалната економија.

Државата најавува борба против сивата економија и корупцијата со конкретни мерки меѓу кои една од главните е носење на закон за потекло на имот кој предвидува и конфискација. Идејата е законот да се однесува не само на функционерите, туку на сите граѓани зашто досегашното искуство покажало дека луѓето кои извршуваат фукција го препишуваат незаконски стекнатиот имот на други лица, а по завршувањето на функционерскиот мандат имотот си го враќаат назад.

„Овој закон преку граѓанска постапка за конфискација, која ја воведуваме, ќе важи за сите лица кои нема да можат во одреден законски период да го докажат потеклото на имотот. Значи ќе важи за сите лица, не само за функционерите. Постапката ќе биде граѓанска, брза, а не кривична, и ќе има соодветен праг кој моментално во драфт верзијата е 30 илјади евра“, изјави Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупцијата.

Сивата економија, според финансиските експерти, директно влијае врз даночниот систем, пазарната конкуренција, наплатата на приходите... За успешно справување со оваа појава надлежните институции ќе почнат со мапирање на секторите каде таа е најзастапена – неопходна ќе биде изработка на студија која ќе помогне во пристапот.

„Поради тоа, клучен аспект во рамки на студијата е развивањето на индикатори за мерење на големината и застапеноста на неформалната економија во земјава. Преку индикаторите за мерење на нивото на неформалната економија ќе може да се направи и евалуација на преземените чекори за справување со неа...“, оцени Фатмир Бесими, министер за финансии.

Настапите на врвните владини претставници беа на презентацијата на проектот „Подршка на реформите со менаџирањето на јавните финансии“, кој е поддржан од УНДП и од Словачка. Главните активности ќе бидат фокусирани на креирање нови и ефикасни алатки за борба против неформалната економија.

„Повеќето граѓани не се свесни дека „невидливата рака“ на сивата економија има директно негативно влијание врз квалитетот на нивниот живот. Тие се изложени на поголеми ризици без притоа да имаат соодвтена заштита од државата. Но, има причина зошто граѓаните стануваат дел од неформалната економија – платите соодветно не го следат порастот на трошоците за живот и тоа е сериозне стимул за сивата економија.“, истакна Соња Бојаниќ, заменичка на постојаната претставничка на УНДП.

Во меѓународните извештаи сивата економија и корупцијата во земјава со години се нотираат како сериозни проблеми. Во последниот репорт на Стејт Департментот за инвестициската клима во Северна Македонија меѓу другото се заклучува дека и „покрај фактот што водењето бизнис е лесно и што законската рамка е според меѓународните стандарди, корупцијата останува постојан проблем“.

XS
SM
MD
LG