Линкови за пристапност

Зголемени нарачки за американските фабрики


Зголемени нарачки за американските фабрики
Зголемени нарачки за американските фабрики

Податоците се толкуваат како знак за подобрување во производствениот сектор на САД.

Одделот за трговија соопшти дека американските фабрики примиле поголем број нарачки за месец мај, показател дека производствениот сектор во земјата се зајакнува.

Американските власти велат дека нарачките за фабриките се зголемиле за осум десетини од процентот во мај, по забележанито пад од девет десетини од процентот еден месец претходно.

Во извештајот на Одделот за трговија се наведува дека трендот се должи на зголемување на бројот на нарачките за авони, автомобили и делови за автомобили. Тоа значи дека производниот сектор започнува да се опоравува од зголемините цени на нафтата порано годинава и од земјотресот и цунамите во Јапонија во март годинава. Природната катастрофа беше причината за затварање на повеќе фабрики во Јапонија и како резултат имаше недостиг на делови ширум светот.

Во извештајот стои и дека американските компании доставиле повеќе нарачки за комјутери и друга опрема.

XS
SM
MD
LG