Северна Македонија продолжува со напорите за зајакнување на демократијата и владеењето на правото – земјата ја покажа својата посветеност да испорача во клучните области на основите, вклучувајќи ја „Европа дома“ агендата, како и акцискиот план за справување со корупцијата. Ова се дел од заклучоците за Северна Македонија во годишниот извештај на Европската комисија кој пред европратениците го презентираше еврокомесарот Вархеји.
„Северна Македонија покажа посветеност и стабилен напредок во имплементирање на ЕУ реформите вклучувајќи ги владеењето на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Земјата треба да го задржи овој момент во реформите, справувањето со корупцијата треба да продолжи заедно со реформа во јавната администрација.“, Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување на ЕУ.
Во документот се нотира дека владата треба да се фокусира на имплемнтирање на постоечката законска рамка наместо да начнува нови спорадични иницијативи. За работата на парламентот се констаира дека е забавена поради политичката поларизација и дека се неопходни напори за зајакнување на улогата на собранието како форум за конструктивен дијалог. Се заблежува за практиката носење закони во итна постапка. За судскиот систем се заклучува дека е умерено подготвен и дека е се неопходни чекори во имплементирање на акцискиот план за судската реформа. Во делот на регионалната соработка извештајот нотира дека Преспанскиот и договорот со Бугарија сите инволвирани страни треба да ги спроведуваат во добра волја.
„Ако нашите партнери испорачаат во делот на реформите, тогаш и ЕУ мора да го испорача она што го кажала. Одложувањето на стартот на преговорите со Албанија и Северна Македонија има негативен ефект врз кредибилитетот на Унијата. Отворените билатерални прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да се решат под итно. Проширувањето е процес што се темели на постигнувања – двете земји ги исполнија условите за поечток на преговори. Од клучна важност е земјите-членки да ги усвојат преговарачките рамки и прввите меѓувладини конференции да се одржат што е можно побрзо, во текот на оваа година.“, Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување на ЕУ.
„Во случајот со Северна Македонија навистина се надевам дека ќе има уште една шанса, до крајот на годината, да се дојде до компромис со Бугарија за усвојување на преговарчката рамка и да се одржи првата меѓувладина конференција.“, Илхан Кјучук, известувач на ЕУ за Северна Македонија.
Дел од бугарските европратеници, познати по своите тврди ставови, ги повторија обвинувањата дека во Северна Македонија „систематски се кршат правата на Бугарите за самопопределување“. Меѓу другото, побараа, како што рекоа „Северна Македонија да ги осуди злостортвата против Бугарите во минатото и да се прекине сличната политика кон Бугарија што сега се спроведува“.
Facebook Forum