Линкови за пристапност

ЕК: Северна Македонија продолжува да ги имплементира политичките реформи кон ЕУ


Северна Македонија продолжува да ги имплементира политичките реформи кон ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:08 0:00

Северна Македонија продолжува да ги имплементира политичките реформи кон ЕУ

Во делот борбата против корупцијата и организираниот криминал, Европската комисија смета дека има одредено ниво на подготовеност

„Северна Македонија продолжува да ги имплементира политичките реформи поврзани со пристапувањето кон ЕУ“, констатира Европската комисија во годишниот извештај за земјава кој денеска беше потврден на состанокот на еврокомесарите. Во документот во кој детално се скенираат состојбите се заклучува дека се преземаат напори за зајакнување на демократијата и владеењето на правото, дека меѓуетничките односи остануваат стаблни, дека реформата на разузнавачкиот сектор е во согласност со препораките на меѓународната заедница. Истовремено, се нотира дека земјата е умерено подготвена со реформата на јавната администрација, исто како и реформата на судството каде се утврдува напредок, но и потреба за засилени напори во системската имплементација.

Во делот борбата против корупцијата и организираниот криминал, Европската комисија смета дека има одредено ниво на подготовеност – дека е постигнат добар напредок во делот на истрагата, гонењето и судењето на случаите на висока корупција, дека законска рамка постои и дека треба да се работи на спроведување на законите. За медиумите се наведува дека климата во која работат останува погодна и дека се овозможува критичко известување, но се забележува дека во вереме на коронакризата и изборите имало зголемени тензии.

Договорите со Бугарија и Грција, според Брисел, се пример за добрососедство во регионот. Паралелно со објавувањето на извештајот, владата најави дека подготвува нов акциски план за имплементирање на реформите во кој владеење на правото ќе биде приоритет.

Очекувам дека ЕК ќе го вреднува сиот напредок, пред се во делот на владеењето и тоа не со акцент на носење на нови закони, туку нивна имплементација и тука ќе биде нашиот фокус
Бујар Османи, министер за надворешни работи


„Очекувам дека ЕК ќе го вреднува сиот напредок, пред се во делот на владеењето и тоа не со акцент на носење на нови закони, туку нивна имплементација и тука ќе биде нашиот фокус.“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија.

Еврокомесарот за проширување утре доаѓа во Скопје. Се очекува на средбите со државно-владиниот врв Оливер Вархеји да го поздрави постигнатото, но и да ги потенцира точките каде Брисел очекува напредок во пресрет на можното отворање на преговори за членство во декември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG