„Постигнавте многу, не ја губете вербата, направете дополнителен напор“ – со таква порака која се однесува на спорот со Бугарија, Урсула Фон Дер Лајен настапи денеска во Скопје. Претседателката на Европската комисија уверуваше дека таа и нејзиниот тим сесрдно се за и ја поддржуваат Северна Македонија на патот на евроинтеграциите. Според шефицата на Комисијата иднината на земјата е во Европската унија.
Иднината на С. Македонија е во ЕУ, ние ве сакаме покрај нас. ЕК и јас самата цврсто стоиме зад оваа посветеност, можете да се потпрете на нас. Направивте извонреден напредок и преземавте храбри одлуки – сега е на Унијата да испорача. Работиме напорно со двете страни за да се надмине оваа последна пречка.Фон дер Лајен, претседателка на ЕК
„Иднината на С. Македонија е во ЕУ, ние ве сакаме покрај нас. ЕК и јас самата цврсто стоиме зад оваа посветеност, можете да се потпрете на нас. Направивте извонреден напредок и преземавте храбри одлуки – сега е на Унијата да испорача. Работиме напорно со двете страни за да се надмине оваа последна пречка. Има многу добри идеи за кои вреди суштински да се разговара. Има многу работа, разговори зад сцена, зашто многу теми може да се затворат низ дијалог...Ве повикувам да не губите верба, постигнавте многу, направите голем напредок, ајде сега да го направиме овој дополнителен напор, ќе се исплати, а ја имате целосната поддршка, имате многу пријатели во ЕУ и во ЕК, за да ја исполниме заедничката цел – Меѓувладина конференција до крајот на годината, изјави Урсула Фон Дер Лајен, претседателка на ЕК.
Не одговори дали ќе има раздвојување на Скопје и Тирана во процесот на пристапување ако бугарската блокада продолжи. Според неа сега е важно сите сили да се фокусираат на напредок, а тоа е Меѓувладините конференции за двете земји да се одржат до крајот на годината. Фон Дер Лајен нотираше напредок во делот на реформите - во владеењето на правото и борбата против криминалот – побара тоа да продолжи. Повтори дека Брисел стои до Скопје во сите сфери – како аргумент ја употреби помошта во вакцини и поддршката за пост-ковид економско заздравување.
Македонскиот премиер најави подоготвеност за продолжување на разговорите со Софија, но и реафирмирање на европската заложба за проширувањето на Унијата кон Западен Балкан.
„Блокадата на овој процес не е во овој духот на оваа определба. Сметам дека ќе има нов импетус, се надеваме дека ќе има нов импетус за забрзување на процесот на носење одлуки зашто секое продолжување на блокада ги храбри ретроградните сили. Блокадата на стартот на преговорите се одрази негативно на целиот регион и се закани во довербата на ЕУ. Ние ги направивме сите неоподни чекори, а ќе ги преземеме и сите прифатливи за деблокирање на проширувањето и очекуваме Бугарија да го деблокира процесот.“, коментираше Зоран Заев, премиер на Северна Македонија.
Фон Дер Лајен со денешната посета на Тирана и на Скопје ја почна турнејата низ Западен Балкан. Намерата е да ја реафирмира пораката за европска иднина на регионот во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој наредната недела ќе се одржи во Словенија, земјата актуелен претседавач со Унијата.
Facebook Forum