Линкови за пристапност

Вакцина за ебола


Светската здравствена организација вели дека експериментална вакцина за ебола би можела да биде во употреба до јануари

Помошник директорот на СЗО,Мари Поли Кини во вторник кажа дека клиничките тестови на вакцини против ебола се во тек или планирани во Европа, САД и Африка. Таа кажа дека доколку вакцините се оценат како безбедни, ќе може да има тест во Западна Африка во јануари, со користење на десетици илјади дози.

Кини, зборувајќи пред новинарите во Женева, не кажа кога вакцината против ебола ќе биде нашироко достапна.

За болеста нема лек ниту вакцина во моментов. Годинава уби над 4.500 лица во Западна Африка.

XS
SM
MD
LG