Литургии ќе има, но на нив ќе присуствуваат само свештениците и неколкумина луѓе кои помагаат при нивното одржување. Но Владиката Тимотеј, за Гласот на Америка вели, „нема да бркаме некој ако дојде во црква, бидејки тоа е на негова одговорност“.
За прв пат во поновата историја празнувањето на големиот Христијански празник, ќе се одржи во празни храмови.
На Плаошник во Охрид, секоја година се организира централната богослужба по повод празникот Велигден на која што покрај Охриѓани присуствуваат и голем број на гости од земјава и странство. Но за прв пат во поновата историја празнувањето на Христовото воскресение, ќе се одржи без масовност, односно без присуство на верници.
Но, Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, Владиката Тимотеј речe дека храмовите нема да бидат затворени за Велигден и покрај полицискиот час и препораките на властите да нема масовни собири. Toj вели дека Црквата не е исклучена од таа обврска и оти во храмовите ќе има само мал број на луѓе кои се неопходни за извршување на литургиите.
Facebook Forum